Без разлика дали ќе бидат европски шампиони, Англичаните со нов договор за Саутгејт

202

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) сака да го задржи Герет Саутгејт како селектор на националниот тим и по Евро 2024, без разлика на резултатот во финалето со Шпанија. Внатрешните преговори меѓу двете страни веќе се одржани. Ова го објави познатиот новинар и инсајдер Фабрицио Романо.

Во финалето на ЕП 2024 селекцијата на Англија ќе игра со репрезентацијата на Шпанија. Оваа средба ќе се одржи во недела на 14 јули. Саутгејт беше мета на критики во домашната јавност поради лошата стратегија во првиот дел од ЕП, но доколку успее на Англија да и ја донесе европската титула, несомнено ќе остане на селекторското место најмалку до СП 2026 година.

ПретходноПРОМОЦИЈА: Цветановски и официјално во дресот на Железничар
СледноДи Марцио: Болоња тргна по Миовски!