Брера остана без спортскиот директор Симиќ!

306

Како што и официјално е објавено од самиот клуб, Брера Струмица остана без спортскиот директор Јован Симиќ. Тој поради семејни обврски морал да си замине од Струмица.

Еве што се вели во соопштението на Брера:

Јован Симиќ, кој ја извршуваше функцијата генерален директор во нашиот клуб минатата сезона, во наредната сезона нема да биде дел од Брера од Струмица.

Симиќ на почетокот на подготовките за новата сезона ја презеде функцијата Спортски директор, но поради неговите приватни и семејни обврски, соработката помеѓу нашиот клубот и Јован ќе биде прекината.

Секогаш е тешко кога доаѓа до разделба, особено оние разделби кои не се во прилог ни на двете страни. Поставивме добри темели за новата сезона што е пред нас и клубот ја дочекува сезоната подготвен во играчки и организациски смисол. Голема благодарност до Горан и семејството Пандев, сопствениците на Брера Холдинг и сите луѓе со кои соработував во Брера. Македонија и Струмица имаат посебно место во моето срце, бидејќи сите ме прифатија со отворено срце. Во Струмица е напишана најубавата страница од мојата кариера и искрено жалам што нашите патишта се разделуваат, но Струмица останува мој град и со нетрпение очекувам да дојдам да гледам натпревари и да се сретнам со драги луѓе.“ – истакна Симиќ.

Претседателот на клубот, Горан Пандев, му се заблагодари на Симиќ за неговата посветена работа и му посака се најдобро во понатамошната кариера.

Му благодарам на Јован за соработката, беше задоволство да се работи со таков професионалец, му посакуваме се најубаво во понатамошната кариера и се радуваме на идните средби како спортски пријатели.“ – истакна претседателот Пандев.

ПретходноСтруга ТЛ ги пушти во продажба билетите за реваншот со Слован!
СледноОфицијално: Фатјон Јусуфи во дресот на Феризај!