Вимблдон 2024: Карлито против Медведев покажа кој е кој и се пласира во финалето!

159

Карлос Алкараз е првиот финалист на Вимблдон, на најважниот тениски турнир во светот. Младиот Шпанец попладнево во првото полуфинале да слави над Данил Медведев со 3:1 (6:7, 6:3, 6:4 и 6:4) и да оствари пласман во големото финале кое се игра во недела. Негов противник ќе биде победникот од второто финале меѓу Ѓоковиќ и Мусети, кое се игра исто така денеска.

Интересно, Карлито не започна најдобро против Данил, го загуби првиот сет во тајбрејкот со 1:7, тоа делуваше по малку шокантно. Сепак тоа како да го разлути Шпанецот и во следните три сета го надигра и го победи Русинот.

Во случај да победи Новак со Мусети, тоа ќе биде исто финале како од лани, во кое Алкараз славаше.

ПретходноНов распоред во ЛШ: Пелистер тргнува со ПСЖ, но се игра во Париз!
СледноИнтересна проекција на ФИБА: Србија со Јокиќ нема да освои медал на ОИ во Париз! (ФОТО)