Ди Марцио: Болоња тргна по Миовски!

483

Познатиот италијански фудбалски инсајдер Џанлука ди Марцио утрово објави дека италијанска Болоња тргнува по потписот на македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски. Според Ди Марцио, по извршените лекарски прегледи од страна на Николо Камбиаги, Болоња продолжува да работи на пазарот во Шкотска, каде сериозно гледа во Миовски како ново засилување во нападот.

Миовски ја помина последната сезона во дресот на Абердин со уште еден извонреден перформанс и 14 гола во тамошната Премиер лига. Засега нема конкретни информации за евентуални преговори меѓу двата клуба.

ПретходноБез разлика дали ќе бидат европски шампиони, Англичаните со нов договор за Саутгејт
СледноДугари: Ако Гризман не игра за репрезентацијата кого ќе повикаме?