Еве зошто Англичаните со свирежи го испратија Алкараз!

1504

Карлос Алкараз уште еднаш блесна и успеа во полуфиналето да го победи Данил Медведев со што се избори за пласмнан во големото финале во недела на Вимблдон. Таму ривал ќе му биде Ѓоковиќ или Мусети, меч кој се игра во моментов.

Сепак Карлито нема по добро да го памети моментот кога веднаш по средбата со Русинот во интервјуто кажа дека се надева дека во недела тоа ќе биде одличен ден за шпанскиот спорт. Секако мислеше и на финалето во Берлин каде Шпанија игра со Англија.

Секако дека ова не и се допадна на домашната публика која со свирежи го испрати Карлито.

Кога виде што направил се поправи и рече дека се надева дека тоа финале на ЕУРО 2024 ќе биде квалитетно и интересно за гледање.

ПретходноБраво Лина: Ѓорческа по голема борба избори пласман во полуфиналето во Рим!
СледноНи во сон нема да погодите кој клуб има најмногу играчи во финалињата на ЕУРО 2024 и Копа Америка!