Карвахал призна дека го убедувал Родри да го напушти Манчестер

101

Ветеранот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, се обидува да го убеди својот соиграч од репрезентацијата на Шпанија, Родри да дојде на „Сантијаго Бернабеу“, призна самиот тој во интервју.

Поранешниот играч од средниот ред на Атлетико Мадрид се наметна како еден од најдобрите на својата позиција во последните години и како одлучувачки фактор во настапот на неговиот клуб Манчестер Сити, но и за „фуријата“. Родри моментално е оценет како фаворит број три за Златната топка и неговите шанси значително ќе се зголемат доколку Шпанците триумфираат во неделното финале.

„Секој ден му велам да потпише со Реал Мадрид. Секој ден му велам дојди во Мадрид, ни требаш, остави го Манчестер, таму нема сонце“, признава самиот Карвахал.

Родри има договор со Манчестер Сити до летото 2027 година, а Transfermarkt ја одредува неговата цена на 120 милиони евра во моментов.

ПретходноМЗТ Скопје го потврди младиот тренер и за следната сезона
СледноСтруга ТЛ ги пушти во продажба билетите за реваншот со Слован!