МЗТ Скопје го потврди младиот тренер и за следната сезона

99

Тоа што веќе беше очекувано денеска доби официјална потврда, а тоа е дека Васко Атанасов и во следниот период од клупата ќе го предводи тимот на МЗТ Скопје Аеродром.

„За 30-годишниот стратег ова ќе биде втора сезона која од самиот старт ќе ја почне како прв тренер, а вкупно трета со оглед што шансата за предводење на сино-белата чета ја доби пред крајот на сезоната 2022/23. Атанасов веќе има две шампионски титули со нашиот клуб, како и еден трофеј од Купот на Македонија, освоен во февруари годинава на завршниот турнир во Битола“, велат од МЗТ.

Атанасов веќе има осум кошаркари на располагање за следната сезона и тоа новото засилување, Американецот Брандон Слај, потоа Хрватот Марко Баковиќ, браќата Дамјан и Војдан Стојановски, кои неодамна ги обновија договорите, како и староседелците Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ.

ПретходноУЕФА објави нова табела, погледнете на кое место се македонските клубови
СледноКарвахал призна дека го убедувал Родри да го напушти Манчестер