Официјално: Фатјон Јусуфи во дресот на Феризај!

193

Од денеска и официјално Фатјон Јусуфи (28) е нов член на Феризај, тим од Суперлигата на Косово. Оваа вест попладнево ја објави самиот клуб од Косово.

Инаку офанзивецот од Тетово досега беше член на Воска Спорт, но со оглед на тоа дека прволигашот од Охрид не е веќе тоа што беше тој си замина и ја прифати понудата на Феризај.

Јусуфи досега во својата кариера играл и за Струга ТЛ, Гостивар, Ренова, Ширак (Ерменија), Партизани (Албанија).

ПретходноБрера остана без спортскиот директор Симиќ!
СледноНов распоред во ЛШ: Пелистер тргнува со ПСЖ, но се игра во Париз!