Иако победија со 16:0 на пријателски меч со нисколигашот Рајфајзенбак, фудбалерите на хрватски Осиек биле казнети од тренерот на тимот за ноншалантност и незалагање.
Според пишувањата на хрватските медиуми, Осиек во средата одигра тренинг натпревар против локалниот клуб ФК Рајфајзенбанк и победи со 16:0. Утрото по победата играчите требале да добијат простор за слободни активности, но италијанскиот тренер Федерико Копители (39) не задоволен од некои работи ги вратил сите на тренинг.
Копители ги собрал играчите на теренот во тренинг центарот и во многу долг монолог им објаснил колку е незадоволен од ноншалантноста и тактичката неодговорност на играчите н апријателскиот дуел на кој победија со 16:0. Копители им се заканил на играчите дека повеќе нема да толерира вакво однесување, а особено бил незадоволен од играчите кои играа во вториот дел од пријателскиот меч.