Аргентина и Колумбија ќе го играат во финалето на Копа Америка. Аргентина во полуфиналето ја исфрли Канада, а освен за фудбалски работи се зборува и за Клаудио Тапија, претседателот на Фудбалскиот сојуз на оваа земја.
Тапија е потпретседател на комуналното претпријатие Ceamse од Буенос Аирес и од трибините го следеше полуфиналниот натпревар против Канада. Јавноста се згрози кога виде дека вработил човек чија единствена работа е да ја брише потта од главата. Згрозените обожаватели на социјалните мрежи пишуваат дека тој се однесува како да излегол од мафијашки филм.
Aunque usted no lo crea, Claudio Fabián “Chiqui” Tapia, presidente de la poderosa @afa tiene hasta asistente para secarle el sudor en los partidos. pic.twitter.com/TeeIlBh5su
— Jean-Pierre Serna (@jpserna) July 10, 2024