ПРОМОЦИЈА: Цветановски и официјално во дресот на Железничар

100

Македонскиот крилен напаѓач, Матеј Цветаноски (26) од денеска и официјално е нов играч на Железничар од Сараево. Како што потврдија од босанскиот клуб, Цветановски потпиша двегодишен договор.

Последната полусезона Цветановски ја помина во Брера Струмица, откако претходно настапуваше и за Македонија, Пелистер, Вардар, Шкупи, унгарски Ѓирмот и албански Партизани.

Во изминатата сезона одигра 25 натпревари за Брера, каде постигна четири гола и додаде четири асистенции.

ПретходноФудбалерките вечерва пишуваат историја: Победа над Летонија за квалификациски бараж
СледноБез разлика дали ќе бидат европски шампиони, Англичаните со нов договор за Саутгејт