Струга ТЛ ги пушти во продажба билетите за реваншот со Слован!

244

Раководството на нашиот шампион вчера ги пушти во продажба билетите за возвратниот меч со Слован во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Билетите по цена од 600 денари може да се набават онлајн на Мктикетс и во слободна продажба во Емпире бар во Струга.

Да потсетиме дека мечот со Слован Братислава се игра во среда на “Билјанини Извори“ во Охрид со почеток од 17 часот. На првиот меч во Братислава беше 4:2 за Слован.

Во случај шампионот да ја мине оваа пречка тогаш продолжува со квалификациите во ЛШ, во спротивно ќе игра во 2.квалификациско коло во ЛК.

ПретходноКарвахал призна дека го убедувал Родри да го напушти Манчестер
СледноБрера остана без спортскиот директор Симиќ!