Филип Маџовски во стручниот штаб на Вардар

1091

Филип Маџовски го засилува стручниот штаб на тренерот Горазд Михајлов и во иднина ќе биде нов тренер на голманите во првиот тим на ФК Вардар.
Маџовски е поранешен голман, како на репрезентацијата на Македонија, така и на Вардар, за кого настапувал во сезоната 2009/2010. Покрај тоа, има настапувано и за Работнички и Милано Куманово, а исто така, зад себе има и интернационална кариера.
Функцијата тренер ја врши уште од 2019 година и зад себе има и богата интернационална кариера низ која досега бил дел од стручниот штаб на екипите: Хајџер, Хата и Најран.
Сега се враќа дома, како тренер, побогат за искуство кое треба да се предаде на идните генерации.
Вардар му се заблагодари на поранешниот тренер на голмани Бојан Димковски, на кој му посака многу успех во понатамошниот дел од кариерата.

ПретходноНи во сон нема да погодите кој клуб има најмногу играчи во финалињата на ЕУРО 2024 и Копа Америка!
СледноПредлог на новиот премиер: Во Англија понеделник да биде неработен ден ако станат европски прваци!