Шошкиќ: Нашата цел е една – да останеме во елитната конкуренција

165

Андреј Шошкиќ е еден од оние неколкумина играчи кои учествуваа во обезбедувањето на место кое ја донесе нашата младинска репрезентација на овој Евробаскет во Полска.

Како дел од ланската генерација која стигна до второто место на шампионатот во Скопје, во која беа и капитенот Теодор Симиќ, Тома Стојаноски, Петар Бошалески, младиот бек потенцира дека би било навистина добро Македонија да го задржи тој континуитет на играње во најквалитетното натпреварување, односно во Дивизијата „А“.

„Дојдовме во Гдиња со една таква цел – да оддржиме еден континуитет на играње во оваа силна конкуренција на репрезентации кои се постојани членки на ‘А’ Дивизијата. Свесни сме за предизвикот кој е пред нас. Уште во онаа групна фаза се соочуваме со, и тоа како, квалитетни противници. На почетокот нė чека Шпанија, веројатно и една од репрезентациите кои важат како топ-фаворити на првенството. Следува дуел со Турција, на крајот, и натпреварот против Белгија. Веројатно, ако говориме за шансите за успех, мислам дека и тука некаде треба да ја бараме нашата, да пробаме да оствариме успех, кој ќе ни овозможи нешто ‘полесен’ распоред, ако воопшто може да се зборува за такво нешто. Системот е таков, секоја победа те води поблиску до потцртаната цел“, вели Шошкиќ.

Дополнува дека оваа селекција го дочекува шампионатот во одлично расположение, и што е поважно подготвена за она што следува од сабота навечер на дуелот со фаворитот во групата „Ц“ – Шпанија.

„Имавме краток период за подготовките за ова првенство. Но мислам дека сме доволно подготвени за да се бориме за успех на секој натпревар. Очекувам да сме сите на максимум, и да дадеме се од себе за што е подобар пласман на првенството во Полска“ – додава нашиот млад репрезентативец пред почетокот на шампионатот.

ПретходноПретседателот на аргентинската федерација ангажирал човек да му ја брише потта (ВИДЕО)
СледноУЕФА објави нова табела, погледнете на кое место се македонските клубови