Новак Ѓоковиќ го совлада Лоренцо Музети со 3-0 во полуфиналето на Вимблдон. Со тоа српскиот тенисер се пласира во 10-тото финале на престижниот Грен слем турнир, а тоа му е 37. вкупно во кариерата.
„Многу пати реков, Вимблдон секогаш беше мој детски сон. Кога бев мал, кога бомбите паѓаа над мојата глава, сонував да играм на најважниот турнир на светот, токму на овој турнир, на овој терен. Задоволен сум што победив и не сакам да застанам на тоа. Се надевам дека во недела да ги ставам рацете на овој трофеј“, изјави Ѓоковиќ.
Во финалето ќе игра со Карлос Алкараз како и во 2023 година.
„Алкараз ќе освои многу Грен слем турнири, само се надевам дека нема да биде во недела. Еве за некои 15 години, кога ќе се повлечам! (се смее). Се шегувам. Шегата на страна, тој веќе ме победи во финалето на Вимблдон, минатата година во пет сетови. И сега очекувам тежок меч. Ќе го извлече најдоброто од мене“, додаде Ѓоковиќ.