Го поврзуваа со Барса и Баерн, Чави Симонс пред неочекуван трансфер!

4589

Чави Симонс ова лето најверојатно ќе го напушти ПСЖ и веќе се поврзуваше со Барселона и Баерн, но се чини дека Холанѓанецот би можел да заврши со прилично неочекуван трансфер.

Во претходните десет дена многу се шпекулираше дека Баерн пројавува сериозен интерес за Симонс и дека нема да биде изненадување овој играч за врска и следната сезона да го видиме во Бундеслигата, но во дресот на Баварците.

Сепак, се уште немаше официјална понуда до ПСЖ за Симонс, а Минхен не се огласи на оваа тема.

Сепак, по неколкудневниот молк околу Симонс, повторно „се разгореа страстите“ бидејќи медиумите во Англија утринава пишуваа дека во целата приказна е вмешан и Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ решија да се обидат да го доведат Симонс на „Олд Трафорд“, а наводно Ерик тен Хаг веќе стапил во контакт со младиот играч за врска и му кажал дека го сака во својот тим.

Симонс наводно е многу заинтересиран да замине во Манчестер Јунајтед каде Тен Хег му ја нуди улогата на еден од клучните играчи на тимот и сигурно неговото доаѓање би било големо засилување за „црвените ѓаволи“.

ПретходноХоландската легенда: Англија е ср*ње! Не ги помрднуваат задниците од својата половина
СледноПикси останува селектор на Србија: ЕУРО беше неуспех, но не и дебакл!