Еден од најдобрите фудбалер на Наполи, Џовани Ди Лоренцо и покрај барањето да го напушти клубот, сепак, и следната сезона ќе го нноси дресот на Наполи. Капитенот на италијанската репрезентација ја соопшти својата одлука преку писмо, кое италијанскиот клуб го објави на својата веб-страница.
Трансфер гласините поврзани со можното заминување на Ди Лоренцо сега веќе завршуваат.
„Едвај чекам да почнам повторно. Затоа што се чувствувам како еден од вас. Жал ми е за се што ни се случи, но, повторувам, сега тоа е зад нас. Пред мене, сега, ја гледам само гордоста да се вратам да ги носам оние бои што ги сакам и и покажме на Италија која е вистинската сила на нашиот Наполи“, се вели во писмото на капитенот.