Звезда има нов нов напаѓач, на Маракана доаѓа Бразилец за 2 милиони евра

1246

Бразилскиот напаѓач Бруно Дуарте наскоро ќе биде ново засилување на Црвена Звезда која за напаѓачот на Фаиренсе ќе издвои два милиони евра, пренесуваат српските медиуми.
Дуарте минатата сезона даде 13 голови на 32 натпревари во најдобрата португалска лига. Вкупно во Португалија одигра 110 натпревари, 30 голови и 14 асистенции.
Во текот на кариерата играл за Дамка од Саудиска Арабија, Лвов од Украина, а во Португалија играл за Фаиренсе и Гимараеш.

ПретходноКлоп ги откачи Американците: Нема шанси, јас сум на одмор!
СледноЧелзи го претстави петтото засилување ова лето