Продадени рекордни 8,6 милиони билети за ЛОИ во Париз!

100

Организаторите на Летните олимписки игри во париз објавија дека се продадени рекорден број билети за натпреварите на собирот на најдобрите светски спортисти.

Претседателот на организацискиот одбор на Игрите, Тони Естангуе излезе со изјава дека рекордната продажба на билети вече е факт.

„Рекордот досега го држеа Игрите во 1996 година во Атланта со продадени 8,3 милиони билети, но ние ја надминавме оваа бројка. Продадовме 8,6 милиони билети за Олимписките игри и над милион за Параолимписките игри. Горди сме на новиот рекорд, но можеме и подобро“, рече Естангуе.

Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август.

ПретходноИталија ризикува суспензија од УЕФА и ФИФА ако политиката не престане да се меша во фудбалот!
СледноДи Лоренцо се премисли, останува во Наполи