УЕФА ја објави најновата ранг листа на европските клубови. Рангирањето на него се базира на учинокот во последните четири сезони од еврокуповите. Нормално, за формирање на клупскиот коефициент се гледаат пет сезони наназад, но бидејќи сезоната 2024/2025 веќе започна, се пресметаа 0.000 за сите. Затоа, рангирањето беше формирано врз основа на резултатите од четирите сезони пред оваа, почнувајќи од сезоната 2020/2021. и заклучувајќи со последната, 2023/2024 година.
На прво место е Манчестер Сити со коефициент 123.000. Следи Реал, актуелниот освојувач на Лигата на шампионите (119.000), а на третото место е Баерн (108.000). Во топ 10 се и Ливерпул, Рома, ПСЖ, Виљареал, Борусија Дортмунд, Челзи и Интер. Новиот германски шампион Баер Леверкузен е на 11. место.
Што се однесува до македонските клубови Шкендија се наоѓа на 179 место, Шкупи е 184-ти, Струга Трим Лум е на 291-та позиција, додека пак Македонија Ѓ.П е 349-та, следуваат Силекс (358), Ренова (398), Тиквеш (411) и Берера (412).