Вардар ги потврди првите две контроли против Динамо (З) и Свонси

253

Фудбалскиот клуб Вардар денеска ги потврди првите две договорени пријателски средби, како дел од летните подготовки пред стартот на новата фудбалска сезона.

Прата контрола „црвено-црните“ ќе ја имаат со екипата на Динамо Загреб на нашите Стефан Ристовски и Аријан Адеми и тоа на 23 јули на популарниот стадион ,,Максимир” во Загреб. Натпреварот ќе започне во 19:00 ч, а истиот ќе има посебна важност, бидејќи ќе биде одигран по повод 77. роденден на фудбалскиот клуб Вардар.

Вториот натпревар ќе биде против англискиот второлигаш Свонси на 27 јули во Австрија, со почеток од 12:00 ч.

ПретходноЃорческа фантастична, обезбеди финале на ИТФ турнирот во Рим
СледноМонако плати 20 милиони евра за ѕвездата на Грузија