Денеска Ламине Јамал, мега – ѕвездата на Барселона, Шпанија, но и на светскиот фудбал наполни 17 години. Утре што и да направи во големото финале против Англија, ќе му се смета дека има 17 години и еден ден.
Инаку како што и доликува, во експедицијата на Шпанија денеска се славеше неговиот 17-ти роденден, Јамалси доби овошна торта а на последниот тренинг пред утрешното финале секако дека беше во преден план.
“Не ми треба никаков подарок. Тоа и го кажав на мојата мајка, само сакам утре да славиме во финалето, тоа би било фантастично. Тоа би бил фантастичен подарок за мојот роденден“ им изјави Јамал на шпанските медиуми.
🎂 ¡¡UN CUMPLE MUY FELIZ!!
Oye, crack, guarda un poco de tarta. ¡¡Vaya pintón 🍓!!
¡¡𝗙𝗘𝗟𝗜𝗖𝗜𝗗𝗔𝗗𝗘𝗦, 𝗟𝗔𝗠𝗜𝗡𝗘 𝗬𝗔𝗠𝗔𝗟!!!!#VamosEspaña | #EURO2024 pic.twitter.com/iX9LJh1sB4
— Selección Española Masculina de Fútbol (@SEFutbol) July 13, 2024