Француската легенда Лоран Блан е нов тренер на Ал-Итихад, официјално објави саудискиот клуб. Тој ќе го води тимот до крајот на јуни 2026 година, а неговиот договор вклучува опција за продолжување на договорот за уште една година.
Клубот се раздели со Нуно Еспирито Санто и Марсело Гаљардо, па мораше да бара ново тренерско име. Иако се очекуваше нов тренер да биде поранешниот тренер на Милан, Стефано Пиоли, но тоа не се случи, а главната причина беше неподготвеноста на ѕвездата Карим Бензема да соработува со Италијанецот.
Според информациите, Блан ќе добива 10 милиони евра годишно, со планиран огромен бонус за него доколку го освои елитното првенство на Саудиска Арабија.