Денот „Д“: Младинците против Австрија за место во Топ 8 (ЛИНК)

936

Македонската младинска ракометна репрезентација денеска (14:20 часот) во Целје го игра одлучувачкиот меч за пласман меѓу најдобрите осум селекции на Европското првенство. Противник на „црвено-жолтите“ е Австрија која има две победи во исто толку одиграни мечеви или четири бода, еден повеќе од Македонија.

Како што пишавме единствено сценарио за пласман во Топ 8 е само победа. Реми или пораз за избраниците на Раде Стојановиќ се значи место во групите кои ќе играат за пласман од 9-16 место.

Австрија исто како Македонија убедливо славеше против Црна Гора, а ја совлада Хрватска. Нашите момчиња пак против Хрватска покажаа карактер, се вратија од негатива од седум гола и се изборија за реми. Токму играта во второто полувреме им дава право да се надеваат на победа на денешната пресметка.

Мечот можете да го гледата не ЕХФТВ каналот, каде доколку веќе немате креирано профил ќе мора да го сторите тоа. Ова е ЛИНКОТ. 

ПретходноЗгрми во Истанбул – Чиро Имобиле го облече дресот на Бешикташ
СледноСтефан Ристовски го менува Динамо Загреб со Црвена Звезда?