Згрми во Истанбул – Чиро Имобиле го облече дресот на Бешикташ

1322

По осум сезони во Лацио, капитенот Чиро Имобиле го напушти Рим и стана нов играч на Бешикташ. Искусниот голгетер реши да ја прифати понудата на великанот со што предизвика еуфорија меѓу црно-белите симпатизери на клубот од Истанбул.
Договорот е до јуни 2026 година.
Имобиле кој стана икона на Лацио со 340 настапи и 207 голови во сите натпреварувања.
Тој претходно се проба во странство но безуспешно. Една сезона беше во Борусија Дортмунд и една сезона во Севиља. Играше уште за Торино, Џенова, Јувентус и на позајмици во Пескара, Гросето и Сиена во раната кариера.

ПретходноРепрезентативецот Ашковски оди во Шанлиурфаспор со договор на 1+1 година
СледноДенот „Д“: Младинците против Австрија за место во Топ 8 (ЛИНК)