Карчески е ново засилување на Пелистер

318

Повратникот во македонската фудбалска елита, екипата на Пелистер, полека, но сигурно го комплетира тимот за новата натпреварувачка сезона 2024/25.

Денеска битолчани објавија потпис со Даниел Карчески.

Фудбалерот кој минатата сезона настапуваше за Тиквеш се сели во Битола и ќе биде одлично засилување за левата бековска позиција во тимот.

Карчески е дете на Победа, а во својата кариера, освен за екипата од Прилеп, во македонскиот шампионат настапуваше и за екипите на Силекс и Тиквеш.

ПретходноМонако плати 20 милиони евра за ѕвездата на Грузија
СледноПријателска: Гостивар подобар од Охрид!