Мбапе уште не пристигнал, а веќе на Реал му донесе неверојтна заработувачка

500

Кој вели дека доведувањето на Килијан Мбапе нема да му се исплати на Реал? „Кралевите“ ќе добијат многу повеќе, а за тоа говори и фактот дека веќе на првиот ден од излегувањето на неговиот дрес Реал ќе заработи неверојатни 800.000 евра.

Поточно, не беше ниту еден ден, туку неколку часа колку што требаше да се „грабне“ дресот на француската ѕвезда.

Вакво лудило со дресови немало откако Кристијано Роналдо како еден од најдобрите играчи во светот во 2009 година го носеше дресот на мадридскиот клуб.

Она што е интересно е дека Мадрид не можеше да ги задоволи барањата на сите навивачи, па оние на кои им беше одземено вредно парче ткаенина ќе мора да бидат трпеливи и да го чекаат вториот бран.

ПретходноБоли глава од цената на „парчето хартија“ потребно за финале на Вимблдон
СледноПо финалето може да се случи невидено сценарио