Во 02 часот во недела према понеделник се игра уште едно големо финале, а тоа е она на Копа Америка 2024. Во Мајами се среќаваат Аргентина и Колумбија.
И кога се во прашање САД тука нема ништп свето, она фудбалско. Па така во преден план нема да биде Лео Меси (Аргентина) или Хамес Родригез (Колумбија) туку Шакира.
Имено таа ќе има свој настап во паузата на двете полувремиња и тој нејзин настап ќе трае 25 минути.
Замислете!
Така со тоа ќе се прекрши едно старо фудбалско правило кое вели дека паузата трае 15 минути.
Сепак тоа се САД, а ова финале ќе наликува помалку на Супербол.
Ајде и тоа да го видиме. Значи каков Меси, каков Хамес…главна ќе биде славната Шакира.