Ракометниот клуб Прилеп кој е организатор на Меѓународниот меморијален турнир „Миле Нешкоски“, денеска ги потврди учесниците на деветтото издание на турнирот.
Според објавата, меѓу шесте тима кои ќе учествуваат на годинешното издание се македонските суперлигашки состави Прилеп, Охрид, Тиквеш и Куманово, како и прволигашот Е. Пелистер 2. Од соседна Србија гостин ќе биде екипата на Врање.
Турнирот оваа година ќе се одржи од 28 август до 1 септември во Прилеп.