По финалниот меч од ЕП помеѓу Шпанија и Англија, ќе го добиеме новиот европски шампион но и освојувачот на Златната топка за најдобар стрелец на турнирот. Интересно е што во овој момент шест играчи постигнале по три гола и се наоѓаат на врвот на листата, а единствениот двајца кои се во финалето се Хари Кејн и Дани Олмо.
Сепак, УЕФА одлучи да го смени правилото во случај ако двајца или повеќе играчи завршат со ист број на погодоци. До сега во случај на ист број на голови, се гледаше бројот на асистенции и бројот на одиграни минути.
А од сега во случај повеќе фудбалери да бидат на првото место, сите ќе ја поделат наградата.
Па така доколку Олмо или Кејн не постигнат гол во финалето, „Златната копачка“ ќе ја поделат дури шест фудбалери и тоа Дани Олмо, Коди Гакпо, Ѓорѓи Микаутадзе, Хари Кејн, Јамал Мусиала и Иван Шранц.
Во историјата на Еп досега немало ваков случај.