Репрезентативецот Ашковски оди во Шанлиурфаспор со договор на 1+1 година

2482

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски има нов клуб. „СпортСпорт“ дознава дека тоа ќе биде турскиот второлигаш Шанлиурфспор. Договорот е на една сезона со можност да биде продолжен на уште една.

Офанзивниот бек во кариерата смени многу клубови. Шанлиурфа ќе биде негов 16-ти клуб во професионалната кариера.
Почна во Телеоптик, па се префрли во Партизан од каде што беше позајмуван во Доњи Срем, Напредак, Стромсгодсет, Шкендија, Нови Пазар, па потпиша постојан договор со Кајзери Ерчијеспор од Турција, па беше во холандски Фортуна Ситард, па Горњик Лечна од Полска, па Славија од Софија, па романските Ботошани и Сепси, една сезона во грчка Ламија, а последен клуб му беше Алашкерт од Ерменија.
За Македонија има 28 настапи.

ПретходноСудот пресуди – условна затворска казна за Патрис Евра
СледноЗгрми во Истанбул – Чиро Имобиле го облече дресот на Бешикташ