Саутгејт: Шпанија е фаворит

176

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт изјави дека Шпанија е фаворит за трофејот од ЕП. Англичаните и Шпанците ќе се соочат еден против друг во финалето на 14 јули.
Тие со право се сметаат за фаворити. Причината е тоа што го покажаа на овој турнир. Искрено, тие беа најдобриот тим.
Шпанија има и еден ден повеќе за подготовка, а во последните три финалиња, може и повеќе, тоа беше многу важен фактор. Исто така треба тактички да сме перфектни, затоа што тие се многу добар тим“, кажа Саутгејт.
Шпанија од пет финалиња на големите турнири победила на четири. Поразот е од ЕП 1984 година од Франција.
Другите се победи: ЕП 1964, ЕП 2008, СП 2010 и ЕП 2012.

ПретходноМбапе купува клуб од Франција
СледноСкандал во Полска: Левандовски има фалц димпломa за завршен факултет