Полскиот напаѓач Роберт Левандовски е осомничен за купување на диплома на приватниот универзитет во Лоѓ. Таму во 2018 година се здобил со дипломи за завршени стурии и за завршени Магистерски студии за спорт кои, според, информациите од Полска се купени.
Во Полска се води истрага за продажба на дипломи од споменатиот универзитет во изминатите пет години.
Главниот осомничен е професор поврзан со два универзитети, од кои на едниот бил ректор. Тој за пари „продавал“ дипломи, а меѓу другите е и Роберт Левандовски. Истражителите откриле и дека во аферата била вмешана и сопругата на Роберт, Ана Левандовска.
Во случајот сведочеше учителката Барбара Мрозинска која на Твитер соопшти дека Левандовски ја купил дипломата. Таа тврди дека со неа „положил“ два испити, иако не го видела лично.
Полските медиуми пренесуваат дека Ана Левандовска сакала Роберт да го заврши своето образование, кое го започнал во Варшава во 2007 година, и да може да влезе во тренерска школа. Со помош на професор од споменатиот универзитет во Лоѓ, Збигњев Д., фудбалерот добил дипломи, но јавно не се фалел со нив.
Сепак, подоцна, легално ги завршил студиите во Варшава, а неговите универзитетски сертификати од Лоѓ останале тајна.
Во 2007 година, Левандовски започна да студира на Колеџот за спортско образование во Варшава и во 2017 година доби диплома, а во 2020 година – магистрира.