Стефан Ристовски го менува Динамо Загреб со Црвена Звезда?

2084

Се подготвува ли летна балканска фудбалска „бомба“? Како што дознава „СпортСпорт“ некогашниот европски и светски првак Црвена Звезда отворено се распрашува, а воедно и подготвува понуда за македонскиот интернационалец, Стефан Ристовски.

Некогашниот капитен на репрезентацијата на Македонија, според нашите извори е на мета на клубот кој што отворено се подготвува за нова групна фаза во Лигата на шампионите. Очигледно дека пробува едно од главните засилувања да биде токму нашиот интернационалец, неговата евентуална преселба од Загреб во Белград ќе предизвика вистинска трансфер „бомба“ не само во Загреб, Белград и Скопје, туку и во целиот регион.

Се знае дека Ристовски е еден од омилените играчи на „модрите“ во моментов и играч којшто е секогаш радовиден пред трибната на поплураните „Бед Блу Бојс“.

Со оглед на неговата возраст (32 години) ова би требало да биде само уште гигант во низата на клубовите за кои што настапуваше во неговата кариера.

Ристовски почна во скопскиот Вардар, а настапуваше и за Парма, Кротоно, Фросиноне, Бари, Латина, Ријека, Спортинг и во моментов за Динамо Загреб.

ПретходноДенот „Д“: Младинците против Австрија за место во Топ 8 (ЛИНК)
СледноБоли глава од цената на „парчето хартија“ потребно за финале на Вимблдон