Поранешниот лев бек на Манчестер Јунајтед, Јувентус и Франција, Патрис Евра, е прогласен за виновен за запоставување на неговата сопруга Сандра Евра во периодот од мај 2021 до септември 2023 година и доби условна затворска казна од една година. Ова го пренесува Le Parisien.
Како што објави адвокатот на сопругата на Евра, долгот за алиментација на поранешниот фудбалер изнесува 969.000 евра заклучно со 2020 година. Според изворот, судот одлучил и поранешниот фудбалер да плати и на сопругата отштета од четири илјади евра за морална штета и уште две илјади за надомест на процесни трошоци.
„Се надевам дека благодарение на оваа одлука, Патрис Евра конечно ќе разбере дека не е над законот и дека не може да ги напушти сопругата и децата. Особено што се познаваа кога тој имаше 15 години и таа го следеше насекаде низ светот за да го поддржи неговата фудбалска кариера“, изјави адвокатот.