Откако Португалија ја победа Германија со 21:17, сега и дефинитивно се знае дека Македонија на младинското Европско првенство во Словенија ја заврши групната фаза како трета во својата група.
Тоа значи дека нашите младинци ќе бијат битки за пласман од 9-16 место, а се знаат и ривалите.
Македонија ќе биде во групата И и тоа заедно со Франција, како и Полска и Романија. Мечевите ќе се играат на 15,16 и 18 јули. Првите две пласирани репрезентации ќе вкрстат со двете најдобри од групата Ј во која се Србија, Хрватска, Словенија и Унгарија, исто ќе биде и оние кои ќе бидат трети и четврти во групите.
И така ќе се добие пласманот од 9 до 16 место на ова ЕП.