Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз ќе се сренат во финалето на Вимблдон. Ноле ќе игра за 25. Грен слем титула, а шпанскиот тенисер ќе го брани тронот во реприза на минатогодишното финале.
Покрај битката на овие двајца тенисери во центарот на вниманието се најде вредноста на „парче хартија“ (билетот) за финалето за кое е потребно е да се издвојат неверојатни 10.600 долари.
„ТикПик“ – компанијата одговорна за организација и дистрибуција на билети тврди дека ова е најскапиот настан на кој досега учествувале.
Финалето се игра во недела од 15 часот.
The get-in price for Sunday’s Wimbledon final between Novak Djokovic and Carlos Alcaraz is currently $10,600.
That makes it the most expensive get-in price ever recorded for a sporting event on @TickPick.
Insanity 🤯 pic.twitter.com/BtzHOcv0Ov
— Joe Pompliano (@JoePompliano) July 12, 2024