Кошаркарите до 20 години на мегдан со Шпанија на стартот на евро-авантурата (ЛИНК)

95

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години, вечерва и официјално го стартува Европското првенство А „Дивизија“ кое се одржува во Полска. На првиот меч од групната фаза, „црвено-жолтите“ ќе ги одмерат силите против Шпанија, дуелот е закажан во 20:30 часот.

Покрај Шпанија, избраниците на Боро Смилковски силите ќе ги одмерат против Турција и Белгија.

СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Останува непроменет кога станува збор за оваа возрасна категорија.

Вкупно 16. национални селекции кои ќе бидат присутни на првенството во Гдиња, се поделени во четири натпреварувачки групи, во кои сите тимови (13-15.јули) ќе одиграат по три натпревари.

Во зависност од пласманот во првата фаза, се формираат и двојките за првата елиминациска фаза – 1/16 финалето. Во директни елиминациски натпревари ќе бидат познати и осумте учесници во четвртфиналето, потоа полуфиналетo и финалето кое ќе се игра на 21.јули.

Поразените во првиот елиминациски круг, ќе се борат за плaсмaн од 9. до 16.позиција на шампионатот.  Со оглед на тоа дека Грција е домаќин на наредниот ЕП од Дивизијата „А“ во 2025 година, доколку заврши на некоја од позициите од 14. до 16, „преселба“ во Дивизијата „Б“ ќе има само селекциите кои ќе завршат на една од тие позиции.

ПретходноШтета што не се круниса „ѕверската“ партија на Галевски (ВИДЕО)
СледноЛоран Блан е нов тренер на Бензема во Ал-Итихад