Дефанзивецот на шпанската фудбалска репрезентација Марк Кукуреља ги нарече навивачите кои го исциркуваат на стадионите во Германија „џабе продадени билети“. Тој беше исвиркуван секогаш кога ќе ја допреше топката во полуфиналето на ЕП против Франција, откако во претходното коло Шпанија ја елиминираше Германија.
На мечот со Германија, Кукуреља во судиското продолжение со рака запре удар кон шпанскиот гол, но судиите не досудија пенал.
„На почетокот бев изненаден“, изјави Кукуреља.
„Првиот пат слушнав свирежи кога спикерот на стадионот ги читаше имињата на играчите. Размислив малку и сфатив дека луѓето мора да го прават тоа поради играта со рака. Нормално овие работи не ме засегаат, но тажно е што има луѓе кои одат на стадион со намера да исвиркаат некого, можеа да им ги дадат на билетите на навивачите кои сакаа да уживаат во фудбалот“, изјави Кукуреља.