Српскиот кошаркар Милош Копривица (29 год, 208 см) ќе биде нов центар на шампионот МЗТ Скопје Аеродром.
Тој денеска потпишал едногодишен договор со „штрковите“. Станува збор за искусен центар, кој своевремено беше голем талент на Партизан, каде што мина две сезони, а во ист период потоа настапуваше и во дресот на Мега баскет.
Тој освен што настапуваше за овие два клуба во јадранската елита, добро ги знае приликите и во АБА2-лигата, со оглед што во неа играше како член на Ловќен, Подгорица и Сутјеска. Копривица минатата сезона ја мина во унгарскиот тим Капошвар.
Србинот од второ засилување за МЗТ по Американецот Брандон Слај.