Иако доживеаја вистинска катастрофа на стартот на ЕП за младинци од Шпанија и тоа со 55 разлика, сепак веројатно еден наш кошаркар ја има фризурата на денот, па и на целиот шампионат.
На неговата глава е македонското знаме, нешто што досега не го паметиме дека некој наш спортист тоа го направил.
Да, јасно е дека ова е убаво, вака се сака својата земја, но поважни се добрите игри и резултати а не порази од 55 разлика.
Сепак, секоја чест за Павел.