Ѓорческа фантастична, обезбеди финале на ИТФ турнирот во Рим

97

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа забележа голема победа во полуфиналето на ИТФ турнирот во Рим и обезбеди ново финале. Одличните настапи во изминатите неколку дена, донесоа финале, откако денеска Лина по голема борба ја совлада Петра Марчинко од Хрватска во три сета.

Ѓорческа го загуби првиот сет со 7:5, но во следните два тотално ја разби противничката. Во вториот сет и препушти само два гема (6:2), додека во одлучувачкиот трет сет беше уште подобра, 6:1.

Во утрешното финале Ѓорческа ќе се сретне со Оксана Селехметева од Русија која е рангирана на само 415. на ВТА листата.

ПретходноМЗТ Скопје А. има нов центар – Милош Копривица
СледноВардар ги потврди првите две контроли против Динамо (З) и Свонси