Џесика Хал постави нов светски рекорд на 2000 метри

116

Џесика Хал постави нов светски рекорд на 2000 метри за време на атлетскиот митинг од Дијамантската лига во Монако. 27-годишната атлетичарка од Јамајка ја претрча должината од два километри за 5 минути и 19,70 секунди подобрувајќи го претходното најдобро време од 5:21.56 минути на Франсин Нијонсаба од Бурунди од 2021 година.

Инаку оваа победа за Хал доаѓа само четири дена откако за пет секунди го подобри својот личен рекорд на 1500 метри на митингот во Париз, но тогаш заврши втора. Победничката постави светски рекорд во таа дисциплина.

На митингот во Монако, Американецот Реј Бенџамин го победи светскиот рекордер Карстен Вархолм и заврши прв на 400 метри со препреки. Тој ја помина делницата со време од 46.67 секунди. Норвежанецот заврши втор со 46.70 секунди, а трет заврши Бразилецот Алисон дос Сантос со 47.18 секунди.

А Норвежанецот Јакоб Ингебригтсен беше победник на 1500 метри (време 3:26.73 минути) подобрувајќи го сопствениот рекорд за Норвешка и Европа. Тој најави олимписка титула, а за неа ќе има сериозен противник – светскиот шампион Џош Кер.

ПретходноМанчестер Јунајтед го продолжи договорот со Џони Еванс
СледноСудот пресуди – условна затворска казна за Патрис Евра