Навистина штета. Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го освои фјучрсот во Рим. Имено таа денеска доживеа пораз во финалето од Оксана Селекметова со 0:2 во сетови (1:6 и 6:7). Во првиот сет едноставно Лина не можеше да се снајде и токму затоа убедливо го загуби со само еден освоен гем.
Во вториот сет беше далеку подобра,имаше шанса и да го освои и да израмни на 1:1, но сепак во тајбрејкот со 3:7 го загуби и вториот сет и со тоа го загуби и мечот со конечни 0:2.