Младата бразилска ѕвезда Ендрик, кој при крајот на овој месец ќе му се придружи на Реал Мадрид, промоцијата е закажана за 28 јули, откри дека малку недостигало да се вика Ди Стефано и тоа по иконата на “кралевите“.
Имено познато е дека Алфредо Ди Стефано е веројатно најголемиот фудбалер во историјата на “кралевите“, но и тоа дека е Аргентинец.
Па затоа малку чуди ова што го кажува Ендрик.
“Јас требало да се викам Ди Стефано а не Ендрик, тоа било предлог на мојот татко, но сепак мојата мајка не го дозволила тоа и затоа сега не го носам името на славниот фудбалер на мојот омилен и иден клуб“ истакна Бразилецот.