Експедицијата на Вардар е во Раденци (Словенија) каде ги одработува подготовките за новата сезона. „Црвено-црните“ имаат одлични услови за работа, а денеска имаа и причина за славење.
Од таборот на Вардар му приредија изненадување на Азер Омерагиќ кој го прославува 22. роденден. Азер не ја криеше својата желба, а тоа е успешна сезона со Вардар.