Денеска е тениски празник. Денеска од 15 часот се игра финалето на Вимблдон, на најпрестижниот турнир во светот. Велат можеш да освоиш сто турнири во светот, ама ако барем еднаш не го освоиш Вимблдон тогаш не можеш да влезеш во историјата.
Новак Ѓоковиќ против Карлос Алкараз. Реприза од ланското финале кое тогаш го доби Карлито. Еве шанса за одмазда на Србинот, на најдобриот на сите времиња. И со победа да потврди кој е кој, да ја освои осмата титула во Вимблдон, но и да дојде до својот 25-ти гренслем.
Ретко кој се надеваше, после операцијата, дека Новак воопшто и ќе настапи на Вимблдон, но ете тој успеа да заздрави по повредата на коленото и да дојде до финалето. А кога веќе е тука, тогаш Ѓоковиќ уште еднаш ќе го извлече максимумот за да дојде до нова титула, тука нема дилеми. Позната е таа поврзаност на Новак со Вимблдон и колку тој сака да победува на овој турнир, а посебно да победува во финачињата.
Карлос Алкараз и на овој турнир покажа дека е во страшна форма. Имаше мали проблеми на некои мечеви во патот до финалето, ама секако дека не се може да се биде совршен секој дека во тие две недели.
Веројатно младиот Шпанец најдоброто од себе го остави за крај, за денеска, за таа нова финална битка на Вимблдон против најдобриот во историјата.
Денеска е ден за тениско уживање, денеска е ден за финале на Вимблдон, и денеска е ден Новак и Карлито да покажат кој е кој.