Галевски е број два голман по завршување на групната фаза на ЕП

420

Македонската младинска ракометна репрезентација ќе разигрува за пласман од 9-16 место на Европското првенство кое се одржува во Словенија. Нашите момчиња на последната, одлучувачка средба против Австрија одиграа реми, резултат кој му одеше во прилог на противникот.

Избраниците на Раде Стојановиќ во средната рунда ќе играат против Полска, Романија и Франција. Прв противник е Полска, мечот е закажан за утре со почеток во 12 часот.

Во меѓувреме излезе и официјалната статистика по завршувањето на групната фаза, а таму најдобро котира Иван Галевски. Голманот на Алкалоид се наоѓа на второто место со 43.1% на успешност, има 28 одбрани од 65 упатени удари. Во оваа Топ листа, Давид Брестовац е на 15-то место со 29.4% на успешност.

Од македонските репрезентативци во индивидуалната статистика се најде десниот бек Димитар Узунчев, кој со 22 гола од 29 обиди се најде на шестото место во оваа категорија.

ПретходноДве нови засилувања во таборот на Беса
СледноЈамал и официјално го урна рекордот на Пеле