Фудбалерот на Лајпциг и шпанската репрезентација, Дани Олмо ова лето ќе биде мета на големите европски клубови. 26 – годишниот фудбалер игра фантастично европско првенство и вечерва ќе има можност да го крене трофејот во финалето против репрезентацијата на Англија.
Досега Олмо постигна три гола на шампионатот и со одличните партии во дресот на “црвената фурија” го привлече вниманието на европските гиганти. За услугите на Олмо најзаинтересиран е Пеп Гвардиола кој сака да го доведе шпанецот во редовите на Манчестер Сити.
Во игра е и екипата на Барселона, но се чини дека Олмо е најблиску до потпис со клубот од Англија. Се очекува Манчестер да понуди 60 милиони за услугите на Олмо.