Шпанија без пораз и реми стигна до тронот на Европа. Вечерва во Берлин одигра многу подобро од Англија и на крајот сосема заслужено се радуваше на победата и четвртиот трофеј во својата историја со што единствена селекција со оваа бројка.
Во текот на Европското првенство во центарот на вниманието беа децата на Шпанија. Нико Вилијамс и Ламин Јамал. Токму двајцата беа креатори на првиот гол за нивната репрезентација, Јамал асистираше, додека Вилијамс ја затресе мрежата на противникот.
На крајот Јамал беше прогласен за најдобар млад играч, тој со 17 години и еден ден, го надмина рекордот на Пеле. Вилијамс има пак 22 години. Двајцата заедно се светлата иднина на Шпанија, а допрва нивната вредност ќе стане уште поголема.
It’s real ❤️#EURO2024 pic.twitter.com/0vHhut7EhH
— UEFA EURO 2024 (@EURO2024) July 14, 2024